|
>>
10
правила за здрав компјутер :
1. Секогаш купувајте
оригинална конфигурација со компатибилни елементи. Ако елементите од кои е
составен хардверот се од многу различни производители огромна е шансата да настане конфликт, па вашиот
компјутер да не функционира .
2. При инсталација на нов хардвер или при приклучивање на УСБ портот, најпрво
исклучете го компјутерот, поврзете го хардверот и потоа вклучете го. Со ова сте
избегнале електричен шок, кој може да ви го уништи хардверот .
3. Куќиштето секогаш треба да биде на стабилна платформа и на простор кој не го
заградува . Хард дискот е најчувствителниот дел од вашиот компјутер. Од
потресите може да се изгребе површината на хардот, а со тоа да се уништи .
4. Избегнуивајте на еден електирчен приклучок да ги вклучите сите елементи на
компјутерот , при бура можно е да настане оштетување .
5. Редовно извршувајте дефрагментација зошто на тој начин , добивате побрз и
поздрав компјутер .
6. Не ги држете вашите звучници или мобилни телефони во близина на мониторот .Од
електормагнетното поле на звучниците и од високата фрекфенција на мобилниот
екранот ќе се оштети .
7. Не е лошо на неколку месеци да го отворите куќиштето ( ако не е под гаранција )
и да ја соберете прашината која е причинител на статички електрицитет .
8. Периферните уреди како што се печатачот или скенерот, одржувајте ги во форма.
Подолгото не користење може да предизвика проблем во нивното понатамошно
работење .
9. Огромниот број на софтверски инсталации можат да ја забават неговата работа и
да направат конфликти во оперативниот систем. Затоа кога нешто нема да ви треба
направете од исталација, а ви препорачувам и еднаш во 1 години да ги префрлите
сите ваши документи на компакт диск а потоа да го форматирате компјутерот .
10. И најважното НЕ ГО УДИРАЈТЕ КОМПЈУТЕРОТ АКО НЕ СЕ ПОТЧИНУВА НА ВАШИТЕ ЖЕЛБИ
...
>>
Трикови
>>
Општи трикови за забрзување на
Windows
1. Не користете позадини(wallpapers). Ова најмногу зависи од тоа
каква видео-карта поседувате и колку RAM има на неа, или на плочата .
3. Не користете анимирани курсори. Тие немаат влијание колку што имаат тапетите,
но сепак можат да ги намалат перформансите .
4. Сетирајте го CD-ROM-от според потребите. Ако не му пристапувате многу често,
не употребувајте голем кеш .
5. Избегнувајте ги звучните шеми што доаѓаат со Windows и системските шеми што
доаѓаат со Microsoft Plus! .
6. Добро проучете ги фајловите autoexec.bat, config.sys, win.ini и system.ini.
Востановете дали некоја линија повеќе не е потребна, па избришете ја. Погледајте
особено за внесувањето на 16-битните real mode драјвери кои веќе не се неопходни
.
>>
Направете Caps Lock и Num Lock
типките да испуштаат звук
Дали некогаш сте ја притиснале типката Caps Lock по грешка? Пред и да се
свестите сте отчукале цел ред со големи букви, така што ќе мора одново да го
пречукате .
За да се заштитите од оваа случајна и честа грешка, вклучете ја опцијата
ToggleKeys, дел од Windows 95 Accessibility Options .
Претпоставувајќи дека овие “пристапни опции” се инсталирани на вашиот систем
(ако не се видете ја белешката подолу) отворете го Control Panel-от и кликнете
двапати на Accessibility Options. Во Keyboard залистокот (tab) чекирајте го Use
ToggleKeys, а потоа кликнете на OK. Отсега, ќе слушате beep секојпат кога ќе ја
вклучувате или исклучувате типката Caps Lock (Num Lock).
(Забелешка: За да ја инсталирате компонентата Accessibility Options, отворете го
Control Panel-от, кликнете двапати на Add/Remove Programs и одберете го Windows
Setup залистокот (tab). Под Components, одберете Accessibility Options, кликнете
OK и ставете го CD-то за инсталација кога ќе биде побарано од вас.) .
>> Стартувањето на Windows XP понекогаш знае да биде навистина
бавно. Причините за ова можат да бидат најразлични, а најчесто се должат на
алатката Background Intelligent Transfer. Благодарение на оваа алатка, вие не
можете да го повикате Start менито, бидејќи вашиот хард диск постојано нешто
запишува.
Важно е што ние
решение за овој проблем имаме. Еве што треба да направите.
Од Start менито изберете Run. Потоа
внесете го следниов текст, поточно име msconfig. Откако испишавте
msconfig кликнете на ОК .
Со ова вие ја повикавте алатката Windows Configuration. Овде
треба да отидете во делот Services. Во тој дел од листата треба да ја пронајдете
алатката Background Intelligent Transfer и да ја исклучите. По ова ќе треба да
го рестартирате компјутерот разликата ќе биде очајна .
За да не се збуните,
кога ќе го рестартирате компјутерот,
односно наследното стартување Windows XP ќе ве
предупреди дека е сменет начинот на кој се стартува Windows. Без грижа, ова не
значи дека нешто не е во ред со вашиот компјутер. Едностано селектирајте ја
опцијата Don’t Show This Message и повеќе никој нема да ви здодева, а вие ќе
заштедите во време, додека чекате Windows XP да се стартува .
>>
Овој совет за кој сега ќе зборуваме се однесува, на корисниците
кои имаат малку послаби компјутери од просечните. Советот се однесува за побрзо
прикажување на иконите, кога ќе го повикате My Computer
Со секое повикување на My Computer,
Windows XP проверува дали вашиот компјутер е врзан во некоја мрежа и автоматски
пребарува папки во мрежата. Без разлика дали сте врзани во мрежа или не Windows
XP, оваа работа ќе ја заврши. Додека тој тоа го прави, вие добивате бавно
прикажување на иконите на папките, а хард дискот постојано работи. Направете
вака .
Повикајте го My Computer, од иконата што
е сместена на вашиот десктоп. Откако прозорецот на My Computer ќе се отвори, од
менито Tools изберете Folder Options. Ќе се отвори нов прозорец. Одете во делот
View и исклучете ја опцијата Automatically search for network folders and
printers. Разликата ќе биде огромна, па дури и на супер моќните компјутери .
>>
Еве уште еден совет, поврзан со некакво подобрување во Windows
XP
Покажувачот на глувчето се движи со прекинувања, поточно
движењето не е течно, туку со одредени забавувања и забрзувања. Токму поради ова
многу често се случува покажуваот на моменти да се губи од едно и да се покажува
на друго место. Еве што да направите
Со десен клик на My Computer, од менито
што се отвора изберете Properities. Го добивате прозорецот на системските
подесувања, поточно System Properities. Одете во делот Hardware, па потоа во
Device Manager. Од новоотворениот прозорец пронајдете го глувчето и со двоен
клик на неговата икона повикајте ги неговите подесувања. Се отвора нов прозорец.
Во него одете во делот Advanced Settings и зголемете ја вредноста за Sample
Rate. Поточно изберете ја вредноста 200. Потврдете ја промената со избирање OK и
ако има потреба рестартирајте .
Разликата ќе биде очигледна, но само ако вашето глувче e PS2,
поточно ако вашето глувче е поврзано преку PS2 портот со вашиот компјутер. Ова
што до сега го кажавме не го правете ако имате сериско глувче, бидејќи нема да
постигнете никакво подобрување
>>
Како да го исклучите или рестартирате компјутерот од вашиот
десктоп ?
Целата постапка се сведува на правење Shortcut на вашиот
десктоп. Ќе почнеме од овде
На било кој дел од вашиот десктоп
кликнете со десното копче на глувчето. Се отвора стандардното мени од кое треба
да изберете New, па потоа ShortCut. Нов ShortCut ќе биде изработен и потоа ќе се
отвори прозорец каде треба да внесете, на кој фајл или папка ќе се однесува тој
ShortCut. Во полето внесете го следниов текст: shutdown –s –t 0 (ова е нула).
Потоа изберете NEXT. Потоа во соодветното поле, внесете го имете кое сакате да
го има овој Shortcut. На пример, Shutdown .
Потоа ако сакате, можете да ставите некоја
икона по избор, наShortcut-от што го создадовте. За да го направите тоа,
со десен клик на Shortcut-от изберете
Properties. Од прозорецот што се отвора изберете Change Icon и потоа по избор,
селектирајте ја иконата која сакате вашиот Shortcut да ја има .
Со ова вие го решивте проблемот. Сега се
што треба да направите, кога ќе сакате да го исклучите компјутерот, е да
кликнете 2 пати на Shortcut-от кој пред малку го создадовте
Ако сакате да направите Shortcut за да го
рестартирате компјутерот,
тогаш во текстот shutdown –s –t 0, наместо –s, снесете –r. Ова ќе значи рестарт
за вашиот компјутер, секогаш кога ќе кликнете 2 пати на овој ShortCut .
Овие икони, доколку сакате, можете ги сместите во Quick Launch менито.
Едноставно, кликнете на десното копче од
глувчето, врз дадениот Shortcut, и одвлечете го Shortcut-от над Quick Launch
менито. Додека влечете, постојано држете го притиснато десното копче на
глувчето. Кога ќе го однесете дадениот Shortcut на местото каде што сакате,
ослободете го десното копче на глувчето и од мени-то што ќе се отвори изберете
Move Here .
>>
Вашиот
Windows XP не сака да се стартува ?
|
Што треба да направите ако вашиот Windows XP не сака да
се стартува ?
Стартувањето на Windows
XP, може да биде оневозможено од различни причини. Денес
нема да ги набројуваме причините, туку едноставно ќе
дадеме можно решение на проблемот. Ќе ви треба една
празна дискета и другар или другарка кои имаат Windows
XP, кој работи без проблеми
Откако ќе
ја договорите и реализирате посетата на другарот или
другарката со добро функционален Windows XP, на неговиот
или нејзиниот компјутер ќе треба да го направите
следново .
Најпрво
проверете дали дискетата е заштитена од запишување.
Потоа ставете ја дискетата во дискетната единица и од
Start мени-то изберете Run. Во полето внесете ја
командата “cmd” и притиснете Ентер, на
тастатурата. Со ова го повикувате Command Prompt. Во
него најпрво ќе треба да ја форматирате дискетата. Ова
го правите чисто превентивно. За форматирање на
дискетата внесете ја командата:
format a:
Потоа
притиснете Ентер од тастатурата и почекајте
форматирањето да заврши. Откако тоа ќе се случи најпрво
ќе треба да изберете N од тастатурата за да одговорите
негативно на прашањето дали сакате да форматирате друга
дискета? По ова ќе треба да преминете на следниот чекор,
односно копирање на системските фајлови кои се неопходни
за правилно стартување на Windows XP, од компјутерот на
пријателот или пријателката, на вашата дискета. Во
истиот прозорец, додека дискетата ви е во дискетната
единица внесете следниве команди:
xcopy
c:boot.ini a: /h
xcopy
c:ntdetect.com a: /h
xcopy
c:ntldr a: /h
Со овие 3 команди вие ги ископиравте на дискетата сите
потребни фајлови за стартување на Windows XP со помош на
дискетата. Еве уште што треба да направите
Кога ќе дојдете дома, ставете ја дискетата во дискетната
единица на вашиот компјутер и вклучете го. Имајте во
предвид дека за да се стартува Windows XP од дискетата
потребно е дискетната единица, во BIOS-от да ви е
поставена како примарен уред од кој ќе се вчитаат
податоци. Ако е тоа така, тогаш расипаниот Windows XP,
би требало непречено да се стартува. За да неморате
постојано да ја користите дискетата за правилно
стартување на оперативниот систем, по стартувањето на
Windows XP, повикајте го Command Prompt и ископирајте ги
сите фајлови од дискетата на соодветниот драјв каде
Windows XP е инсталиран, со помош на оваа команда:
xcopy a:*.* c: /h
По ова што сега го направивте, дискетата веќе не ви е
потребна и од сега па натаму, може да го стартувате
Windows XP, на истиот начин како што тоа го правевте
пред да ви се расипе. Инаку, на истиов начин може да го
поправите стартувањето и на Windows 2000
|
|